Судир на два катарски воени авиони, пилотите спасени со катапултирање
Два катарски воени авиони се судриле, но пилотите успеале безбедно да се катапултираат, соопшти денеска Министерството за одбрана на Катар, пренесува ДПА
До судирот дошло за време на тренинг лет и пилотите успеале да се спасат со катапултирање од нивните кабини, наведува министерството во соопштение.
Министерството за одбрана, меѓутоа, на објаснува кога или каде се случил инцидентот, пренесува ДПА.