Судир меѓу автобус и автомобил на експресниот пат Штип-Кочани, едно лице загина на местото на несреќата


 Едно лице загина во тешката сообраќајна несереќа, која се случи вечерва меѓу автобус со беровски регистерски таблички и возило опел астра со пробиштипски регистерски ознаки   на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај штипската приградска населба Три Чешми.

Според првичните информации од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила во 19.45 часот. Лекарите од Итната медицинска помош на лице место констатирале дека  загинал сопатникот од автомобилот, а возачот со повреди е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА потврдува дека едно лице од сообраќајната несреќа веќе е на испитување кај нив, со цел да се утврдат повредите и да добие соодветен лекарски третман. Повредени патници во автобусот нема.

Во тек е увидот од страна на полицијата и јавниот обвинител. Во моментов за сообраќај е затворен екпсресниот пат Штип-Кочани кај клучката кај Три Чешми

Сообраќајот на поголемиот дел од патиштата во државава се одвива отежнато поради магла.

Како што информираше претходно АМСМ, намалена видливост од 50 до 100 метри на патните правци Кочани – Штип, Битола – Прилеп – Плетвар, Кичево – Македонски Брод, Скопје – Куманово, Скопје – Велес и Велес – Катланово, а до 50 метри на патот Тетово-Групчин.