Судија во Хрватска одложи рочиште оти бил лут за платата


Мрзоволност – токму ова е официјалната причина што судија Антонт Хлача од Крк, Хрватска го одложил рочиштето за повеќе од шест месеци бидејќи е незадоволен од платата.

На 19 април, судијата требало да одржи рочиште за случај во кој две странки се расправаат за земјиштето повеќе од една година, но судијата го одложи затоа што судијата се чувствувал индолентно, откако ја примил платата.

Платата е причина за лоша волја на судијата, а лошата волја е причина за одложување на судското рочиште

„По добивањето на платниот список – пресметка на плата за месец март 2023 година, судијата задолжен за оваа правна работа е доведен во неволја. Состојбата особено ја потенцираше тоа што беше пресметана платата на судијата за март 2023 врз основа пониска од онаа што била на сила во 2009 година, и покрај зголемувањето на трошоците за живот, не само за изминатата година, туку и за целата измината деценија“, се пожалил официјално судијата.

Судијата Хлача се надева дека Министерството за правда и администрација во наредниот период ќе постапи согласно барањата на судиите за зголемување на платите.

Хрватските новнари ја провериле платата на судијата, со оглед на тоа дека тој како јавна личност има обврска да поднесе имотен лист, па така излегува дека судијата Хлача добива од 16.000 до 17.000 куни (2.254 евра) бруто плата месечно. Тоа значи дека неговата месечна нето плата е околу 11.000 куни (1.459 евра).

Во 2021 година добил и вкупно 4.400 куни нето за работа во изборната комисија на локалните избори.

Сака двојно поголема плата

Инаку, од она што го изјави судијата Хлача за тоа дека „се надева дека Министерството за правда и администрација во наредниот период ќе постапи согласно барањата на судиите упатени на Собранието на Здружението на хрватските судии одржано во Дубровник на 31 март 2023 година“ произлегува дека тој би сакал платата двојно да се зголеми, односно нето платата да му изнесува околу 3.000 евра.

Имено, на споменатото Собрание на Здружението на хрватските судии во Дубровник, судиите побараа основната плата на судијата на првостепениот суд, како што е судијата Антон Хлача, да не биде помала од платата на ниту еден судски советник во Врховниот Судот на Република Хрватска. Се работи за нето плата од 3.000 евра.

Шефот на Врховниот суд: Проверуваме
Откако веста за лошата волја на судијата стигна до медиумите, претседателот на Врховниот суд, Радован Доброниќ, со краток коментар.

„Веднаш по сознанието за тоа е покрената постапка за проверка на факти и потоа за одлуката ќе ја информираме јавноста на крајот на работниот ден или најдоцна во понеделник“, изјави кратко Доброниќ за N1.