Судењето за организаторите од 27 април продолжува на 2 јуни


Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието продолжува на 2 јуни 2020 година, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

„Предметот со КОК бр. 2/20 поврзан со организирање на настаните од 27 април во Собранието ја информираме јавноста дека по барање на одбраната, која истовремено е повикана на јавна седница во Апелацискиот суд – Скопје, расправата во Кривичниот суд се одлага. Судењето ќе продолжи на 2 јуни во 10,00 часот за што се известени и странките во постапката“, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.