Суд во Вашингтон ја прифати тужбата на Тодориќ против Хрватска за заплената на „Агрокор“


Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови (ICSID) во Вашингтон во вторник, на 31 октомври, донесе официјална одлука за надлежност во спорот што против хрватската влада  го покренаа Adria Group B.V и Adria Group Holding B.V., две холандски компании на поранешниот сопственик на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, пишува бизнис порталот СЕЕбиз.

Инаку, во политичките и медиумските кругови, во вторникот веќе неофицијално се прошири информацијата дека судот ја прифатил одлуката за надлежност. Иако тоа не значи дека Тодориќ го добил случајот, самата судска одлука навестува дека тоа е голема работа за хрватскиот бизнисмен.

Дури сега ќе се утврди суштината на евентуалното обештетување, доколку – се разбира – судот пресуди во корист на Тодориќ.

За потсетување, Тодориќ ја тужеше Република Хрватска поради начинот на кој му беше одземен „Агрокор“.