Суд на ЕУ ќе донесе одлука за неплатен данок од 13 милијарди евра на Епл Ирска

Луксембург – Генералниот суд на ЕУ треба да донесе одлука за жалбата на Епл и државата Ирска против наредбата Даблин да собере 13 милијарди евра (14,9 милијарди долари) неплатени даноци од американскиот технолошки гигант.

Во 2016 година, Европската комисија тврдеше дека даночните бенефиции на Ирска за Епл биле нелегални според правилата на ЕУ за државна помош, бидејќи тие дозволиле компанијата да плати значително помалку даноци од другите бизниси.

Епл тврди дека оваа одлука всушност значи двојно оданочување.

Ирската подружница Епл Сеилс Интернешнл (Apple Sales International) беше одговорна само за продажба на опрема на групата надвор од Северн и Јужна Америка, истакна компанијата, додека вистинската вредност била создадена главно во САД.

Пресудата на Генералниот суд на ЕУ сè уште може да биде обжалена во највисокиот суд на ЕУ, Европскиот суд на правдата.