„Студии за современата македонска литература“ од Кристина Николовска
Во издание на „Панили“ од Скопје излезе од печат книгата „Студии за современата македонска литература“ од проф. д-р Кристина Николовска.
-Авторката застапува критичко-есеистички текстови за македонските писатели, а посебен акцент става на творештвото на Кочо Рацин, Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Петре М. Андреевски, Јован Котевски, Михаил Ренџов, Радован Павловски, Ефтим Клетников, Раде Силјан, Јордан Плевнеш,…, информира „Панили“
Кристина Николовска е автор на дваесет и три книги: поезија, теорија на литературата, литературна критика, монографии и разговори. Добитник е на повеќе литературни признанија и награди, меѓу кои и на наградите Млада Струга, Димитар Митрев и Караманов.