Студени утра и сончеви денови


Денес времето во Македонија ќе биде студено наутро, со услови за магла во некои котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје, утринските часови ќе бидат студени, додека преку денот ќе преовладува сончево и претежно тивко време со мала до умерена облачност.

И во утрешните утрински часови времето ќе биде студено, со појава на магла по одделни котлини, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе продолжи да дува слаб до умерен јужен ветер.

Температурите ќе се движат од -6 до 1 степен во утринските часови, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 6 до 13 Целзиусови степени.

Утрово најниска температура во земјава од -11 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка, соопшти УХМР.

Следат Берово со -7 степени, -6 Крива Паланка, Штип, Демир Капија, -5 Кавадарци, Маврови Анови, -4 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Крушево, -3 Струмица, Тетово, Прилеп, Виница, -3 Велес, -1 Претор, 2 Охрид и 3 степени во Гевгелија.

Висината на снежната покривка измерена во 7 часот изнесува 52 см на Попова Шапка и 44 см во Маврови Анови.

Утрото е студено со наместа ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје утрото студено, преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.