(Видео) Студен бран во Австралија, снегот предизвикува проблеми


Возачите во австралиските држави Викторија и Нов Јужен Велс се предупредени ако не мораат да не возат, затоа што студен бран навеа многу снег на југоистокот на Австралија.

Снежните ветрови кои дуваа со брзина и до 120 километри на час предизвикаа сообраќајни незгоди, а некои места од петокот немаат струја.

Овој бран во неделата се пресели во Квинсленд при што предизвика пад на температураташто предизвика обилни врнежи од снег.

Во некои места измерени се највисоки снежни прекривки во последните две децении.

Во една сообраќајка предизвикана од снежното невреме загина жена кога дрво падналао врз нејзиниот автомобил источно од Мелбурн, во државата Викторија.

„Гардијан“ јави дека четиригодишно дете се здобило со повреди опасни по живот и дека се наоѓа во болница.