Стразбур во вторник ќе објави пресуда за дискриминацијата на децата Роми во Штип и Битола


 Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур, во вторник ќе ја објави пресудата за случајот Елмазова и другите против Северна Македонија, кои се однесуваат на случаи за наводна сегрегација на ученици Роми во две јавни училишта во Битола и Штип, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Апликантите, 87 државјани на Северна Македонија, се родени помеѓу 1958 и 2013 година и живеат во Битола и Штип и се со ромско потекло.

Случајот се однесува на наводната сегрегација на ученици Роми во две јавни училишта.

Апликантите биле ставени во основно училиште само за Роми во Битола (бр. 11811/20) и во одделенија само за Роми во училиште во Штип (бр. 13550/20).

Потпирајќи се на член 1 од Протокол бр. 12 (општа забрана за дискриминација) и член 14 (забрана за дискриминација), апликантите сметаат дека децата биле ставени во посебни училишта и

ли паралелки во отсуство на објективно и разумно оправдување.

Пресудата на ЕСЧП се очекува да биде објавена во вторник на 13 декември.