Стразбур ја отфрли аболицијата на Иванов како „недопустлива“

Судот одлучи дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не ги искористиле сите правни инстанци кај нас, дека жалбите во Стразбур им биле предвремени и дека аболицијата на екс-претседателот била недопустлива


 

Судот за човекови права во Стразбур  ги одби жалбите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ прогласувајќи ја аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов како – недопустливо помилување.  Во одлуката на Стразбур стои: 

„Жалбите на поранешните високи политичари и функционери по поништувањата на аболициите се недопустливи. Во својата одлука во предметот ‘Талески и другите против Северна Македонија’ Европскиот суд за човекови права едногласно ја прогласи жалбата за недопустлива. Одлуката е конечна.

Многу од апликантите биле членови на владејачката партија (ВМРО-ДПМНЕ) во времето на
настаните кои се во прашање, и сите тие имаа истакнати јавни позиции, вклучувајќи го и премиерот, владини министри и градоначалници. Ним им се суди за наводни кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското, широко распространето прислушување. Тие добија претседателски помилувања кои беа подоцна поништени. По поништувањата им се судеше, што е предмет на овој предмет.

Судот одлучи дека апликантите не ги исцрпиле домашните правни лекови. Заклучи дека 
жалбите според член 6 (право на правично судење) беа предвремени бидејќи домашните власти требаше да имаат можност да се изјаснат претходно за нив во кривичната постапка што е во тек. Во врска со член 5 (право на слобода и безбедност), еден од апликантите, Темелко, не ја подигнал својата жалба пред домашните судови, додека правниот лек кој друг апликант –
 Талески – за кој се тврди дека бил ефективен, беше одбиен како задоцнет пред националниот суд, одлуки кои се чини не биле произволни“, стои во одлуката на Стразбур.

Со оваа одлука пропаднаа сите сценарија дека обвинетите функционери на ВМРО-ДПМНЕ  ќе се спасат од речиси сите судења што се во тек а што ги покрена поранешното СЈО. За да ги аболира Иванов потпиша 111 незаконски решенија за 56 лица и за специфични дела пред воопшто да знае и за што ќе им се суди.Подолу е оригиналниот текст на објаснувањето на одлуката:

Одлука на Судот за членовите 5 и 6
Во однос на претставките на Талески според член 5, Судот немаше потреба да ја испитува
постапка во врска со неговиот домашен притвор по неговото помилување, бидејќи тие доведоа до негово ослободување повеќе од шест месеци пред да поднесе барање до Судот. Во однос на непрекинувањето на истрагата Судот истакна дека неговата апликација била одбиена како ненавремена од домашните судови на две нивоа на јурисдикција. Судот сметаше дека не може да ги замени со своето мислење тие одлуки, кои не изгледаат неразумно или произволно.

Во врска со жалбите на Темелко според член 5, судот забележа дека тој или бил во
притвор или во домашен притвор помеѓу 26 септември 2017 и 16 мај 2018 година. Неговиот  притвор бил разгледан во суд. Сепак, тој тврди дека домашните судови биле обврзани да испитаат дали постоеле некакви основи (претседателското помилување) што спречуваат 
кривично гонење што би го прогласило за незаконски притворот. Дури и да беше тоа
случај, сè уште постоеше обврска за него да ги подигне своите жалби од Конвенцијата пред
домашните судови. Тој не успеа да го стори тоа и не даде никаков аргумент зошто тој правен пат
би биле искористен.

Во однос на претставките од член 6, Владата тврдеше дека тие се предвремени бидејќи сè уште имаше апелациски постапки во предметите пред судовите на Северна Македонија.
Судечкиот суд ги нашол поништувањата валидни, па затоа и жалителите
обвиненија не ги коментирале (сѐ уште се чека одлука за случајот на  Темелко). Владата, повикувајќи се на релевантните одредби од Законот за кривична постапка тврдеше дека
второстепената жалбена постапка во Северна Македонија ќе им обезбеди на апликантите
можност да ги изнесат своите аргументи во однос на предметните помилувања. Покрај тоа, 
Законот за кривична постапка дозволи вонредна ревизија од страна на Врховниот суд, а Судот беше уверен дека таквото барање под одредени околностите би бил ефикасен правен лек, во кој апликантите би можеле да се потпрат на нивното помилување и одделно да бараат финансиски надомест ако победиле. Судот затоа пресуди дека националниот судски систем, кој може директно да ја примени Конвенцијата, треба да добие шанса да одговори на жалбите
и да ги исправи сите прекршувања на Конвенцијата што ќе ги утврди. Севкупно, Судот затоа одлучи дека жалбите според член 5 и член 6 се недопуштени поради неисцрпување на домашните правни лекови.

Одлуката ја донесе совет од седум члена и таа била едногласна. Во советот биле судии од Норвешка, Финска, Велика Британија, Турција, Малта, Белгија и Молдавија.