Стравот од рецесија ја намали цената на нафтата под 107 долари


Цените на нафтата денеска паднаа под 107 долари на меѓународните пазари, откако стравувањата од рецесија ги надминаа грижите за снабдување и геополитичките тензии во Европа.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 89 центи во однос на претходното затворање, на 106,69 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше за 30 центи пониско, по 105,41 долари.

Трговците оваа недела се фокусираа на зголемување на клучните каматни стапки, зајакнување на американскиот долар и инфлација, стравувајќи од рецесија.

Долготрајните блокади поради Ковид-19 на најголемиот светски увозник на сурова нафта, Кина, исто така извршија притисок врз нафтените пазари.