Страв од работа и страв од спиење: Топ 5 најчудни фобии


Фобиите, односно ирационалните стравови можат да влијаат на квалитетот на животот на личноста која ги има, а еве неколку за кои веројатно не сте слушнале…

Фобија (грчки phobos) е термин кој се користи за дефинирање на ирационален страв, оној кој е неоснован и прекумерен. Овој вид на страв е исто така постојан.

Веројатно сте слушнале за фобија од пајаци, височини, гужви или многу тесни простори. Покрај овие стравови, кои не се толку мали, постојат и поретки. Повеќето луѓе речиси секојдневно се борат со стравови и негативни мисли, но дали можете да замислите некој да се плаши од коса или да размислува? Да, такви стравови постојат, а ова се 5-те најнеобични фобии во светот:

Фронемофобија
Хетофобија
Сомнифобија
Декстрофобија
Ергофобија

Фронемофобија: страв од размислување

За повеќето луѓе е вообичаено кога имаат проблем или се обидуваат да најдат решение да сакаат „да бидат сами со своите мисли“. Сепак, има и такви кои би дале се на светот за да не бидат сами кога премногу размислуваат. Психолозите велат дека фронемофобијата може да произлезе од фактот дека овој тип на личност се плаши од лоши мисли, од оние кои би можеле да ги исплашат и кои не можат да ги контролираат.

Хетофобија: страв од коса

Додека некои луѓе се плашат само дека косата ќе им падне, има и такви кои исклучително се плашат од својата коса.

Сомнифобија: страв од спиење

Има луѓе кои се плашат да одат во кревет, бидејќи чувствуваат дека губат контрола над себе. Честите кошмари можат да придонесат за развој на овој страв.

Декстрофобија: страв од предмети лоцирани на десната страна

Има луѓе кои едноставно не можат да издржат да гледаат предмети од десната страна. Начинот на кој тие се борат со оваа фобија е, на пример, да го организираат работниот простор така што сè е подредено на левата страна.

Ергофобија: страв од работа

Некои луѓе се преплашени од секаков вид на работа, било да е тоа интелектуална или физичка. Се плашат и да бараат работа. За лаик ова може да звучи како обична мрзеливост, но сепак е вистински страв, а не избегнување на работа и обврски.