Стратегијата за паметна специјализација за економски развој


Фото: Б. Грданоски

Денеска,  вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерот за економија Крешник Бектеши ќе дадат изјави за медиумите во врска со процесот на креирање на Стратегијата за паметна специјализација на Република Северна Македонија. 

Целта на Стратегијата за паметна специјализација е да обезбеди модерен пристап за економски развој, кој предвидува меѓусебно поврзување на академската заедница, бизис секторот, владините институции и граѓанскиот сектор за заедничко детектирање и делување во областите во кои државата има најголем потенцијал и доволно ресурси  да инвестира и со тоа да се забрза севкупниот државен напредок и конкурентност во глобалната економија. 

Креирањето и поседувањето на Стратегија за паметна специјализација е предуслов за членство во Европската унија и сите членки на европското семејство веќе имаат ваков стратешки документ. Северна Македонија ги анализираше позитивните искуства на повеќе земји од Европа, а во процесот на креирање на Стратегијата поддршка има од Светската банка, GIZ, ИМЕ програмата финaнсирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, додека во иднина се очекува да се вклучи и Развојната банка, но и низа други релевантни меѓународни институиции. 

Процесот на креирање на Стратегијата за паметна специјализација го координира Министерството за образование и наука со поддршка на Министерството за економија, а под покровителство на вицепремиерот за економски прашања.