Страшно насилство во центарот на Загреб! Со безбол палка претепана трудница


Во инцидентот што се случил на улицата Нинска во Загреб, повредени се две девојки, кои, според очевидци, биле претепани. Една од нив е бремена, пренесува 24sata.hr. “Се враќав од работа кога забележав тепачка на автобуската станица. Кога се приближив, видов три девојки и двајца мажи како тепаат две девојки пред станицата. Една од нив беше бремена. Ги тепаа со бејзбол палки,по ребра и раце “, изјавил еден очевидец.

Според сведоците, девојките биле однесени во болница.