Страшна трагедија во Тузла: Најмалку седум лица загинаа по пожар во пензионерски дом


Седум лица загинаа вечерва по пожарот што избувна во пензионерскиот дом во Тузла, беше потврдено за порталот „Аваз“.

Можно е бројката да е уште поголема.

Како што потврди полицијата на Тузланскиот кантон, екипите се на терен.

Пет лица се пренесени во болница поради труење со јаглерод моноксид, а постојано пристигнуваат пациенти.

Пожарот бил пријавен во противпожарната служба околу 20:45 часот, а причината засега е непозната.

Пожарот зафатил еден од катовите што се наоѓа на горниот дел од зградата, што го отежнало гаснењето.

Пожарот е локализиран околу 22 часот.