Страшна сообраќајка во Хрватска: Се судрија автобус и автомобил, двајца починати, 31 повреден


Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 3:10 часот по полноќ на автопатот А3 помеѓу раскрсниците Поповача и Криж во Хрватска, кога се судрија автобус со регистарски таблички од Босна и Херцеговина и автомобил, загинаа две лица, а 31 лице се повредени.

Според првичните информации од Полициската управа Сисак-Мославина, две лица загинале, додека повредените лица се пренесени во блиските болници во Хрватска.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат автобус целосно смачкан на страна, а автомобил смачкан на другата лента. Има остатоци по целиот пат, а сообраќајот во тој дел бешево прекин.

Полициската истрага е во тек за утврдување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

– Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 03:10 часот. Според првичните информации, две лица се починати, додека неколку други се повредени и префрлени во блиските болници – изјави за ХРТ Маја Филиповиќ, службеник за односи со јавноста во полициската управа Сисак-Мославина.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила помеѓу 82-от и 83-от километар од јужната и северната страна на автопатот и дека сообраќајот бил во прекин од двете страни.

Утрово со соопштение излезе и ХАЦ (Хрватски автопати). Тие велат дека според моментално достапните информации, две лица загинале, додека 18 лица се тешко повредени, а 13 се полесно повредени.

„Хрватски автопати“ известува дека патот во правец на Брегана е затворен за секаков сообраќај и дека сите служби за итни случаи се на местото на настанот и прават сè што можат за да го овозможат сообраќајот.

Според официјалното соопштение од Министерството за здравство, две лица загинаа, а вкупно 31 лице е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи во раните утрински часови на автопатот А3. Од повредените, 29 лица добиле медицинска помош во здравствени установи.

Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на автопатот А3 Брегана-Липовац помеѓу Поповача и Криж во правец на Брегана беше во прекин, а колоната возила на таа делница од А3 во правец на Брегана беше долга околу 14 км, соопшти Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК).