Страшен земјотрес и денеска ја погоди Петриња во Хрватска – загина едно дете (Галерија)


Хрватскиот град Петриња и денеска го погоди земјотрес, но посилен од вчерашниот. Според известувањето на Сеизмолошката служба потресот што се случи во 12,19 часот бил со јачина од 6,2 степени според скалата на ЕМС. „Интензитетот во епицентарот на овој разорен потрес е проценет на VIII-IX според скалата на ЕМС. Потресот се почувствува низ цела Хрватска. Се очекуваат големи материјални штети“, објави Сеизмолошката служба на Твитер.

Во Петриња загина девојче од 12 години, а центарот на градот е во урнатини. На мајката чие дете загина ѝ се пружа помош затоа што е во тежок шок, јавуваат хрватските медиуми.

Епицентарот на потресот бил во вчерашното епицентрално подрачје помеѓу Петриња и Сисак. Според ослободената енергија, овој потрес е посилен за 30 пати од оној во март во Загреб, кој имаше магнитуда од 5,5 степени, изјави за телевизијата Н1 сеизмологот Крешимир Кук.

Поголемиот дел од Загреб остана без струја, автомобилите се во колони, трамваите стојат, а граѓаните се на улиците. Хрватската војска веднаш испрати 300 војници во Петриња, а премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека тој ќе замине да го посетит разурнатиот град.

Бидејќи земјотресот се случи само пред седумдесетина минути уште нема детални информации за состојбата во Петриња и дали има уште жртви.

Петриња во урнатини
Се бараат пповредени под урнатините во Петриња
Петриња
Урнати куќи во Петриња

Има оштетени згради и во Загреб