Странци на Хвар се повредиле пиејќи огнени коктели


Канаѓанец (44) и Швеѓанка (33) се повредени во кафуле на Хвар додека пиеле огнени коктели, пренесуваат хрватските медиуми.

Според информациите од полицијата во Сплит, инцидентот се случил вчера околу 18 часот кога полицијата добила информација дека маж бил повреден додека пиел огнени коктели во ресторан во месноста Хвар, а полесно е повредена и една жена.

„Повредените добиле изгореници и биле пренесени во Сплит за лекарска помош. Мажот е задржан на понатамошно лекување, а според информациите од болницата, неговиот живот не е во животна опасност. Жената добила полесни повреди и била пуштена од болница по прегледот. Во тек е кривична истрага“, изјавил Јерко Куревија од сплитската полиција.

Жената добила изгореници на двете раце, а на мажот му изгореле 25 отсто од телото.

Двајцата биле префрлени со хеликоптер од островот во Одделот за пластична хирургија на КБЦ „Сплит“ во Крижине, каде што мажот бил задржан на понатамошно лекување.