Стотици туристи заглавени на Малдивите поради пандемијата


Сите би сакале да заглават на пуст остров, се додека тоа навистина не се случи.
Имено, стотици туристи се заглавени на Малдивите, вели Али Вахид, министер за туризам во оваа земја, и тоа повеќе од еден месец откако и таму стигна корона вирусот.
Вахид вели дека на островите има околу 500 туристи, од кои стотина останаа на аеродром. Владата им помага на луѓето кои не можат да си дозволат престој во одморалиштата.
„Тие ни се како мештани. Тие се луѓе кои оваа земја ја популаризираа“, вели Вахид.
Првите два случаи на корона вирус на Малдивите потврдени се на 8 март, а Министерството за здравство на 12 март прогласи вонредна состојба во здравството.
Во моментот  во оваа островска земја има 468 заразени од корона вирус, од кои 17 се излечени, а едно лице почина.
Островската азиска држава во Индискиот Океан позната е по своите луксузни летувалишта, а тамошната туристичка индустрија е потресена од пандемијата, поради која Малдиви ги затворија државните граници и ги откажа сите летови.
На почетокот на април Њујорк тајмс пишуваше за животот на една двојка заглавени на непрекинат меден месец.
Двојката никаде не оди, и живеат како кротките мештани. Деновите им се долги и мрзливи. Спијат, уживаат во храната и пијалоците и времето го поминуваат покрај базен, пишува Њујорк тајмс.
„Сите велат дека сакаат да заглават на тропски остров, додека всушност не заглават.
Таа идеја добро звучи се додека знаеш дека можеш да заминеш“, вели невестата оливија Де Фреитас за весникот.