Стотици експлозии и пожар во индустриски објект северно од американскиот град Детроит


Стотици експлозии, проследени со силен пожар, се случија ноќеска на индустриска локација северно од американскиот град Детроит.

Како резултат на експлозиите, остатоци се расфрлани во радиус од 1,6 километри. Полицијата апелираше до локалните жители да се држат настрана од областа.

Не е познато какви материјали се запалиле, што ги спречи властите да ги проценат ризиците од загадениот воздух.

Како што пренесуваат локалните медиуми, станува збор за индустриски објект за трговија на големо, специјализиран за производство на нови реквизити за пушење, вклучувајќи ги и оние на база на канабис.

Објектот се наоѓа во малото гратче Клинтон, Мичиген, на околу 40 километри северно од Детрои