Стопанската комора на северозападна Македонија поднела жалба до Уставниот суд за Законот за данок на солидарност


 Стопанската комора на северозападна Македонија денеска информираше дека поднела жалба за Законот за данок на солидарност до Уставниот суд.

Според Комората, законот е противуставен, дестимулативен и непринципиелен.

– Нашите оценувања се дека во овој случај, правната држава ќе излезе на виделина докажувајќи дека нашата земја е соодветна за водење бизнис и дека правната сигурност е во повисоко ниво од колку се претпоставува. СКСЗМ продолжува да го поттикнува економскиот раст и развој на земјата, како и да ја охрабрува борбата против сивата економија како предуслов за креирање соодветна клима за бизнис, се вели во објавата на „Фејсбук“.