Стопанската комора ќе ги презентира наодите од анализата за сивата економија


Стопанската комора денеска, на тематска прес-конференција насловена „Сивиот дел на македонската економија: големина, импликации, решенија“, ќе ги презентира наодите од анализата за сивата економија.

Анализата ја изготвија потпретседателот на Комората Зоран Јовановски и Павле Гацов, даночен експерт и член на Управниот одбор на Комората. Во изработката учествуваше и професорот Александар Стојков.

На почетокот на прес-конференцијата ќе се обрати претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.