Стопанската комора и УНДП организираат настан насловен: „Индустријата и животната средина: профитот не е единствената цел“


Во организација на Стопанската комора и УНДП денеска ќе се одржи настан насловен „Индустријата и животната средина: профитот не е единствената цел“. 

– Заштитата на животната средина и долгорочната конкурентност на економијата се тесно поврзани. Но, во услови на изразена неизвесност и непредвидливост на глобалната економија постои ризик прашањата поврзани со заштитата на животната средина да бидат потиснати во втор план. Затоа, исклучително е важно да се разговара, да се разменуваат искуства за добри практики и да се бараат долгорочно одржливи решенија. Тоа може да им помогне на компаниите и на други засегнати страни полесно да носат стратешки одлуки за иднината. Ова прашање е висок приоритет за Стопанската комора и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) – посочуваат од Стопанската комора.

Воведни обраќања на настанот ќе имаат претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, претставник на УНДП Армен Григорјан и Бен Нупнау од Делегацијата на ЕУ.

На настанот се предвидени трите панели на кои ќе учествуваат министри, владини претставници и претставници на бизнис заедницата. 

На панелот насловен „Дата-центрите, расчистување на мистеријата“ како најавени панелисти се министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, главниот извршен директор на Македонски Телеком Горан Марковиќ и софтверскиот инжинер Петар Пешев од Ултра 

На вториот панел посветен на „Декарбонизација на индустријата, технологии и финансирање“ ќе зборува министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, Волфганг Маиер, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Волфганг Маиер, Марија Дуковска-Павловска од Макстил и Тони Стојановски од НЛБ Банка ад Скопје. 

Третиот панел е за „Циркуларна економија, заштита на животната средина и биодиверзитет“, а најавени говорници се Даме Димитровски, советник на претседателот на Владата, Жан-Франсоа Море од Делегацијата на ЕУ, Ѓулај Гештаковска од Кондево и Филип Ивановски од Пакомак.