Стоп за Вардариште најавува протест и од 7:30 часот наутро во понеделник

„Движењето ‘Стоп за Вардариште’ ја информира јавноста дека во понеделник, 15 септември 2025 година, покрај најавениот протест во 18:00 часот, ќе се одржи и утрински протест со почеток во 07:30 часот. Протестот ќе се одржи со блокада на мостот ‘Близнаци’, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба.
Организаторите велат дека на овој чекор се одлучиле поради, како што наведуваат, немањето слух на надлежните институции за нивните барања и сè поголемото загадување што му се нанесува на граѓаните.
Од движењето апелираат до работодавците да покажат толеранција кон вработените кои можеби ќе задоцнат на работа поради најавената блокада.“
Граѓани на Аеродром и вечерва простестираа со блокада на крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ и прошетка до пред зградата на Општина Аеродром.
Пораките се исти: да се сопре труењето на граѓаните на Скопје од депонијата Вардариште и другите поражи од околината, а проблемот да се реши пред локалните избори.