Столтенберг: Податоците покажуваат дека Иран ѝ доставува дронови на Русија


Сите податоци насочуваат кон тоа дека Иран ѝ доставува на Русија дронови, што се користат против Украина, посочи денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во седиштето на Алијансата во Брисел.

Тој истакна дека го повикуваат Иран да не ѝ доставува на Русија ниту дронови, ниту ракети, ниту ракетни делови, затоа што тоа претставува кршење на резолуциите на Обединетите Нации.

Столтенберг ги повика сите земји, вклучително и Иран, да не ја поддржуваат руската војна во Украина.

Според него, Путин направил голема грешка со војната, не успеал во Украина, но, не се откажал од војувањето.

Кристерсон нагласи дека со новата влада во Стокхолм не е променета целта на Шведска да биде примена во НАТО.