Столтенберг: НАТО продолжува да го поддржува цивилниот одговор на пандемијата Ковид-19


НАТО и сојузничките војски продолжуваат да го поддржуваат цивилниот одговор на пандемијата Ковид-19. По Северна Македонија и Чешка, Албанија и Црна Гора добиваат вентилатори и медицински материјали, објави денеска на својот Твитер Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– #НАТО и сојузничките војски продолжуваат да го поддржуваат цивилниот одговор на пандемијата #КОВИД-19. Чешка, Албанија и Црна Гора добиваат вентилатори и медицински материјали од залихите. Во петокот, Северна Македонија доби 60 вентилатори, објави на Твитер Столтенберг.

Во петокот, на 30 октомври НАТО испорача 60 респиратори во Скопје, како дел од поддршката на Алијансата да се справат со пандемијата. Донацијата беше координирана од Центарот за координација на евро-атлантскиот одговор на катастрофи на НАТО.