Столтенберг ја поздрави најавата за директна авионска линија меѓу Белград и Приштина


Од посетата на Столтенберг на Скопје во 2019 година (Фото: Б. Грданоски)

Германија– Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја поздрави најавата за воспоставување директна авионска линија меѓу Белград и Приштина.

Авиопревозниците Еуровингс и Луфтханза денеска во Берлин потпишаа писмо со намери за воспоставување директни летови меѓу Белград и Приштина.

„Тоа е многу важен чекор, кој ќе овозможи полесен и побрз проток на луѓе и стока на подрачјето на Западен Балкан”, оцени Столтенберг преку соопштение.