Столтенберг во јуни во посета на земјава


ФОТО: Б. Грданоски
Северноатлантскиот Совет и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг доаѓа во посета на Република Северна Македонија
Генералниот секретар на НАТО Столтенберг во земјава ќе престојува на 2 и 3 јуни.

Ова е прва посета на Столтенеберг и високи претставници на НАТО на земјава по потпишувањето на протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата, што досега го ратификуваа 13 од 29-те земји членки. По ратификацијата од страна на сите сојузници, земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.

Северноатлантскиот совет е главно политичко тело кое ги носи одлуките во НАТО. Советот ги надгледуваа политичките и воените процеси во врска со безбедносните прашања што влијаат на целата Алијанса. Го сочинуваат претставници на сите земји членки, а претседавач е генералниот секретар.