Стојанов: Можен е и полициски час, медицински кадри фалат


Медицинскиот кадар кој работи во лабораториите и останатите во здравствениот сектор никогаш не се доволни, и здравствените работници се разболуваат, имаат разни здравствени проблеми, апаратите се расипуваат, се сервисираат и сето ова ја усложнува работата и издавањето на резултатите. Затоа се апелите да се почитуваат мерките да не се оптерети премногу здравствениот систем за да може да одговори на сите барања, изјави во интервју за МИА директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов.

Тој вели дека досега не можеле да ги имплементираме мерките кои ги донесле уште пред десетина дена поради разни административни пречки и во наредниот период ако не се почитуваат ќе предложат поригорозни мерки, па и полициски час.

За пристапот кон тестирањето, Стојанов вели дека според протоколот контактите на позитивните слиучаи се ставаат во изолација 14 дена и ако во овој период пројават симптоми тогаш се тестираат и без разлика на резултатот, поради продолжената инкубација, продолжуваат со изолација, додека позитивниот случај останува во изолација 10 дена.

– Во овој период ако остане без клинички знаци за болест, 11 -от ден е слободен. Но, ако во овој период се појават одредени клинички симптоми останува во изолација уште 10 дена, со тоа што последните три дена не треба да има никакви знаци и потоа е слободен. Овие протоколи се ускладени со СЗО, ЦДЦ, МАНУ и искуствата од многу други земји – вели Стојанов.

Во однос на тоа дали има доволно кадар за тестирање, Стојанов вели дека медицинскиот кадар кој работи во лабораториите и останатите во здравствениот сектор никогаш не се доволни, и здравствените работници се разболуваат, имаат разни здравствени проблеми, жените забременуваат, апаратите се расипуваат, се сервисираат и сето ова ја усложнува работата и издавањето на резултатите. Затоа се апелите да се почитуваат мерките да не се оптовари премногу здравствениот систем за да може да одговори на сите барања.

За тоа дека се чека многу на тест, Сорјанов појаснува дека зголемениот број лица со индикации за тестирање го зголемува и времето на чекање затоа што немаме неограничени капацитети, но додека да се тестира сомнителниот пациент и додека да се добие резултат, потребно е да останат во самоизолација поради секоја сигурност.Сепак, брзите тестови се тука, и ќе се прават по поединечна индикација.

– Во моментот останати сме без двајца епидемиолога и еден микробиолог. Едниот е на боледување веќе подолго време, другиот најде работа во Холандија и колешка е на породилно отсуство. Имаме отсутни и по други основи, но добиваме и помош од други институции, така да ја компензираме работата, со напор -додава Стојанов.

За предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, членовите на Комисијата за заразни болести  да дадат оставка бидејќи не се справуваат добро со ситуацијата, а да се формира специјална комисија за борба против Ковид-19, која ќе ја избира Собранието, Стојанов вели дека секоја добронамерна помош е добродојдена, и комисијата е веќе заморена од осуммесечната постојана работа.

– Сите сме и со други професионални задолженија и обврски и добро би ни дошла помош со нови луѓе со нови издржани идеи ако ги имаат – додава тој.