Стојанче Ангелов в.д. директор на ЦУК, Билјана Јовановска на Фондот за пензиско

Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски одлуки.

Ја отповика Верица Узунова од должноста член на Надзорен одбор на АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост, а за член ја избра Слаѓана Богдановиќ, му препорача на Собранието на акционери на Македонски телеком, Акционерско друштво за електронски комуникации – Скопје, да ги отповика од должноста членовите на Одборот на директори – Сашо Велевски од неизвршен член, Замир Мехмети од неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од неизвршен независен член, Мирослав Вујиќ од неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на Одборот на директори, а за членови на Одборот на директори да ги избере Шкодране Зенуни Дарлишта за неизвршен член, Бардул Насуфи за неизвршен член, Зоран Китанов за извршен член, Нина Ангеловска за неизвршен независен член, Садула Дураку за неизвршен независен член и Аќиф Мехдиу за неизвршен член.

Владата се информираше за оставката на Виктор Петрушевски од должноста член на Управниот одбор на АД за аеродромски услуги „Аеродроми на Република Северна Македонија“ во државна сопственост и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на друштвото за член на Управниот одбор да го избере Трајче Ангеловски.

Владата заклучи и да му препорача на Надзорниот одбор на АД Славија, извоз – увоз Скопје за член на Управниот одбор да го избере Блаже Зафировски, а Александар Ранѓеловиќ да го отповика од должноста член на Надзорниот одбор на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје и за член да го избере Ѓоко Илиевски, предложен од синдикалната организација.

Миле Сугарев е разрешен од должноста в.д. директор на Фонд за здравствено осигурување, а Стево Крстевски се именува за в.д. директор на Фондот.

За в.д. директор на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување е именувана Билјана Јовановска.

Владата ја прифати оставката на Сеад Садиковски од должноста директор на Државен инспекторат за локална самоуправа, на негово барање, а Сенат Ахмеди го именува за в.д. директор на Државен инспекторат за локална самоуправа.

Владата ја прифати и оставката на Лидија Ѓоршевска и ја разреши од должноста директор на Државниот испитен центар, на нејзино барање. Елизабета Наумовска да ја именува за в.д. директор на Државниот испитен центар.

Владата ја прифати оставката на Аднан Џафероски и го разреши од должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување, на негово барање, а Беким Максути да го именува за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Владата ја прифати оставката на Агрон Буџаку и го разреши од должноста директор на Центарот за управување со кризи, на негово барање, а Стојанче Ангелов го разреши од должноста национален координатор за воени и полициски ветерани и го именува за в.д. директор на Центарот за управување со кризи.

Фирус Мемед е разрешен од должноста заменик на директорот на Агенција за храна и ветеринарство поради истек на мандатот.

Владата денеска ги разреши Амир Шабани од должноста член на Управниот одбор на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет), на негово барање, Зирап Адеми од должноста заменик директор на Државниот завод за статистика, на негово барање, и Ариф Асани од должноста заменик на директорот на Агенцијата за национална безбедност.

Блерим Идризи е разрешен од должноста член на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со пасишта, на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси, и на оваа позиција е именуван Незарим Аљиљи.

Виктор Талески е именуван за член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп.

Владата го разреши Бобан Томески од должноста член на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност и за претставник од Агенцијата за супервизија на осигурувањето го именува Злате Симоновски.

На членовите на Училишниот одбор на Посебното основно училиште за ученици со посебни воспитно-образовни потреби „Св. Климент Охридски“- Ново Село, Ристо Златанов и Благица Стоилова им е утврден престанок на мандатот, а за член на одборот е именувана Светлана Мазгалоска-Вучетиќ.

На денешната седница Владата утврди престанок на мандатот на членката на УО на ЈП „Јасен“, Калина Кусатска и за нов член ја именуваше Оливера Поповиќ.