Стоилковски: Заев со концесии на 30 години ги обезбеди „Тотал инжинеринг“ и „Еленица“


 

Зоран Заев долгорочно присвојува државни богатства, а надлежните и најповиканите за спречување на таквата корупција спијат, тврди Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Феудалецот Зоран Заев и неговите министри изгласаа македонски суровини и минерали, државни ресурси, да му ги отстапат на братот на Зоран Заев, на бате Вице, на дури 30 години.Министрите гласале за да му удоволат на феудалецот, оној кој што ги поставил таму, па бате Вице и бате Трајче 30 години ќе владеат со македонските рудни богатства.

Владата тајно, на 6 октомври доделила 30-годишна концесија за експлоатација на руда на „Еленица“, фирма на Заеви, каде и Зоран Заев бил дел од УО. Информацијата одеднаш се појавува во Службен весник.

И ова не е прва семејна фирма на феудалецот Заев која што добива 30-годишна концесија од владата. На ист начин, тајно, владата на феудалецот Заев доделила 30 годишна концесија за руда и минерални суровини за „Тотал инженеринг“, фирма на бате Вице. И на ист начин, пред две години, одлуката во јавноста  се објавува само во Службен весник.

Феудалецот Зоран Заев долгорочно става рака врз ресурсите, врз македонското државно богатство додека е во мандат. Од позиција премиер присвојува државни добра, суровини и минерали за себе, за бате Вице за период од 30 години.

ДКСК има чиста позиција. ДКСК е должна согласно надлежностите што и ги дава законот да констатира располагање на државни добра за приватни цели. Одлука за оваа долгорочни концесија не е ништо друго туку чиста корупција произлезена од судир на интереси. ДКСК не смее да се крие зад формалности, порала Стоилковски.