Стоилковски тврди: Ангелов потрошил милион денари за мобилен


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, порача денес дека имало пари за мебел и мобилни, а немало пари за да се обезбеди противпожарна заштита. 

-Според дел од документите кои што ги поседуваме, со потпис на Стојанче Ангелов само годинава се потрошени 200.000 евра со измени на планот за јавни набавки на ЦУК за мебел, телефони и луксузи.

Стојанче Ангелов додал над 1.000.000 денари за мобилен телефон, со измена на годишниот план за јавни набавки на ЦУК. Според овој документ од 7-ми април годинава Стојанче Ангелов потпишал 2.700.000 денари за канцелариски мебел и компјутери.  Над еден милион за купување на канцелариски мебел и еден милион и 700.000 за информатичка опрема.

Сервисирањето на канадерите, единствените средства за навремено справување со огнена стихија во шума, во планина, каква што ја зафати Македонија чинело 400.000 евра. Ама тоа било скапо. За телефоните и фотелјите на Стојанче не е скапо, за канадерите е скапо, порача Стоилковски.