Стоилковски: Барам прошка ако некого сум навредил


Портпаролот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски се извини за тоа што новата министерка за финансии Ника Ангеловска ја нарече Нина Групировка.

Неговото извинување и појаснување како што вели тој, доаѓа по низната рекации во јавноста по повод неговиот статус на Фејсбук.

– Бидејќи и тоа што го кажав не е протолкувано како извинување, еве ќе бидам појасен: изнесената метафора беше погрешно разбрана и протолкувана на погрешен начин, затоа се извинувам ако на некој начин сум предизвикал навреда или таа метафора предизвика навреда на нечии чувства.
Како син, брат, сопруг, татко, пријател никогаш не поддржувам ниту пак ќе поддржам сексизам или говор на омраза и останувам застапник за човечките права и слободи.
Како Човек барам прошка ако ненамерно сум погрешил – напиша Стоилковски.