Стоилковски: Арсовска блокираше градба на две градинки, две училишта и спортска сала


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, според ВМРО-ДПМНЕ донела скандалозна одлука против својот народ, против скопјани и против градоначалниците и општините кои се борат за градба градинки, училишта и спортски објекти.

„Арсовска донесе скандалозни решенија за запирање на процесот на градба преку ослободување на плаќање на надоместок на две градинки, две основни училишта и еден спортски објект. Иако советот на Град Скопје донесе одлука за ослободување, Арсовска донесе одлука за поништување на одлуката за надоместок за градбата на две основни училишта, две градинки и спортски комплекс“, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска не прес-конференција.

Според него, донесена е одука за ослободување од плаќање на надоместок за изградба на ОУ „Крсте Мисирков“ во Гази Баба, ослободување од плаќање на надоместок за доградба на ОУ „Блаже Коневски“ во Аеродром, за доградба на градинката „Весели цветови“ во Кисела Вода, за доградба и надградба на градинката „Изворче“ во Аеродром, за изградба на затворено спортско игралиште во „Пинтија“ Кисела Вода.

„Скопјани мора да знаат дека нема да имаат градинки и училишта затоа што Арсовска ги казнува скопјани поради политички причини“, додаде тој.