Стоечки овации на првиот концерт на Пласидо Доминго откако беше посочен за силувач


Оперскиот пејач Пласидо Доминго (78) доби стоечки овации на почетокот, но и на крајот од концертот во Салцзбур, Австрија. Ова беше негов прв јавен настап откако неодамна беше обвинет за сексуално злоупотребување.
Концертот се одржа во рамките на фестивалот за музика и драма, што традиционално се одржува секоја година во Салцзбург.
Неодамна, осум оперски певици и една балерина го обвинија славниот тенор за сексуално злоупотребување. Тие тврдат дека во 80-тите години од минатиот век биле уценувани од Доминго да имаат сексуални односи со него во замена за улоги, а кога бил одбиен „тој професионално ги казнувал“. Само оперската певица Патриша Улф јавно истапи, додека другите побараа да останат анонимни.
Доминго ги отфрла обвинувањата истакнувајќи дека го обвинуваат за нешто од пред 30 години.
– Ме боли да слушнам дека некого сум вознемирил или се чувствувал непријатно, без оглед колку долго помина, и покрај моите најдобри намери, истакна Доминго.
Тој исто така посочи дека сфаќа оти „правилата и стандардите според кои денес сме оценувани се различни од оние што постоеле порано“.
Павароти, Доминго и Карерас беа најпознатото трио тенори во светот.
По обвинувањата, Операта во Лос Анџелес соопшти дека ќе ги истражи сите наоди.
Според информациите од американските меидуми, Доминго се обидувал да ги натера на сексуални односи нудејќи им улоги, а во некои случаи ги казнувал и не им давал улоги доколку го одбиеле неговото додворување.
„ЛА Опера“, чиј генерален директор е Доминго најави дека ќе ангажира надворешен советник да ги истражи „загрижувачките наводи“.
Во меѓувреме операта во Сан Франциско и Филаделфискиот оркестар ги откажаа планираните настапи на Доминго во септември и во октомври.