Стјуардесите се жалат, трпат се повеќе навреди и насилства од патниците


Само што почна да се зголемува бројот на патници во авионите, најголемиот синдикат на  стјуардесите во САД алармираше за пораст на неконтролабилните патници. Дури 85 проценти од анкетираните речиси 5.000 американски стјуардеси изјавија дека се справувале со непослушен патник во 2021 година. Дополнително, речиси 60% рекле дека доживеале не еден, туку најмалку пет инциденти оваа година, а 17% изјавиле дека инцидентите биле физички.

Стјуардесите се присетија на инциденти во кои видно пијани патници вербално ги малтретирале, „агресивно“ ги предизвикувале затоа што се труделе патниците да го почитуваат правилото за носење маска, ги туркале, клоцале на седиштата, фрлале ѓубре врз нив и ги валкале тоалетите. Повеќе од половина од стјуардесите известија дека непослушните патници користеле расистички, сексистички и хомофобични изрази.

„Ми се извикуваа, ме пцуеа и ми се закануваа безброј пати во последната година и најмногу што произлезе од тоа е привремено прекинување на патувањето за таквите патници“, напишала една стјуард во истражувањето. „Ни требаат вистински мерки за  стјуардесите повторно се чувствуваат безбедно на работа“.

Асоцијацијата на стјуардесите се уште се држи до својата политика на нулта толеранција за нарушувања во текот на летот, што може да доведе до казни и до 52.500 американски долари и до 20 години затвор. Но таа реално не се спроведува. Агенцијата испита повеќе од 610 потенцијални прекршувања на федералниот закон досега оваа година–најголем број откако таа започна да води евиденција во 1995 година.На прашањето дали некој непослушен патник ја платил изречената казна, од Асоцијацијата од таму не одговорија директно, велејќи само дека се се уште во „многу рана фаза“ за спроведување на политиката.

Минатиот месец, коалицијата на лоби групи и синдикати на авиокомпаниите го повика Министерството за правда да оди чекор подалеку и да ги гони кривично непослушните патници.

Од 3.615 извештаи за непослушни или некотролабилни патници огромното мнозинство, дури 2.666, вклучуваат луѓе кои одбиваат да носат маска.

„Ова не е само заради маските, како што некои се обидоа да тврдат“, реагираа од Асоцијацијата. „Овде се случува многу повеќе и потребни се низа активности во координација со авијацијата “.