Стипендии за студирање во Хрватска за академската 2022/2023


Фото: Б. Грданоски

Министерството за образование и наука известува за можноста за добивање стипендија за студирање и професионално усовршување на високообразовните установи во Република Хрватска за академската 2022/2023 година.

Во објавата на МОН се наведени линкови на кои се достапни детали за критериумите и условите за остварување на правото на стипендија и информации за потребните документи и начинот на аплицирање. 

Крајниот рок за доставување на апликациите е 18 март 2022 година (хартиена верзија) во архивата на Министерството за образование и наука, на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.