Стилска драма во Кан: Жолтите шик тоалети предизвикаа шок


Франција– Американските и европските ѕвезди го вратија гламурот на 74. Кански фестивал кој е идеален спој на врвна мода и на филмови. На црвениот килим 11 дена, до 17 јули ќе гледаме дефиле од дизајнерски тоалети и скапоцен накит.

Жолтата тоалета „Гучи“ на актерката Џоди Тарнер-Смит предизвика драма на третиот ден на гала настанот. Невобичаената креација  е решена во горниот дел како корсет со градник од монисти, а надолу креацијата паѓа во бранови од пердуви од бела до жолта нијанса. И изборот на накит е драматичен , од линијата скапоцен накит на Гучи, од злато,  дијаманти и сафири.

Драматичен настап на Фархана Боди на отворањето на Канскиот филмски фестивал