Стилот на кралските трудници: Изгледот на Дајана, Кејт и Меган

Англија– Откако е бремена и пред породување, Меган, војвотката од Сасекс е постојано споредувана во стилот со своите претходнички во кралското семејство , војвотката Кејт  и починатата леди Дијана.

Дијана и Кејт водеа сметка за задолжителните обврски во јавноста и во приватниот живот.

Кејт, мајка на три деца , ги помина бременостите верувајќи и на стилистката Наташа Арчер. Леди Дајана исто така имаше ангажирано стилсити кои се грижеа за нејзиниот стил, и тоа  успешно.

Меган, според информациите од најблиските, е сам свој стилист.

-Со исклучок на свадбата, таа сама се шминка за во јавност. Исто и со облеката, изјави анонимен пријател за „Пипл“.

Меган во изминатава година потроши 500 илјади фунти за гардероберот. Брендовите што ги избира се движат од скапи до поевтини, од Живанши, до Ердем и Викторија Бекам.

Од накитот, носеше и уникатни парчиња што и припаѓале на Леди Дијана, прстен од аквамарин и обетки во облик на пеперутки.