Стилот на јуниорскиот Евросонг во Париз: Што ќе облечат Кристина, Анастасија, Миха и Филип ?


Што ќе облечат на јуниорскиот Евросонг во Париз нашите претставници од „Дајте музика“-Кристина, Анастасија, Миха и Филип, ни откри омилената дизајнерка на скопската елита Јована Филиповиќ која креациите ги дизајнираше специјално за музичкиот настан.
-Бидејќи песната „Green forces“ ја опишува желбата за борба за заштита на животната средина и против злото што ѝ е нанесено на планетата Земја со глобалното затоплување, истата таа порака сакавме да ја пренесеме и преку костимите.
Првичната идеја беше на Славица-Цаци Паковска, а јас се надоврзав на нејзината идеја и заеднички дојдовме до финалното решение. Боите и материјалите се одбрани според тоа што претставуваат самите деца – вода, воздух, огин и зеленило , изјави Филиповиќ за „Независен“, непосредно пред директниот пренос на јуниорскиот Евросонг од Париз на МРТ , в недела (19 декември) во 16 часот. (Л.С.)