Стил „Рекет“: Катица Јанева стави точка на својата кариера и на…фустанот


Фото; Б. Грданоски

Шефицата  на СЈО во оставка Катица Јанева со аферата „Рекет“ стави точка на својата кариера, можеби и на други кариери, ама и со изборот на комплетот со точкаст принт, остави … кај модната јавност.

Вчера, пред медиумите откако даваше исказ во ОЈО во врска со случајот „Рекет“, се појави во елегантен комплет во бело-розова-кафена боја. Во розов тон беше и карминот и маникирот. Бели беа модните додатоци-удобни мокасинки и чанта.

Фото; Б. Грданоски

Принтот со точки и ова лето е сеприсутен, а комбинациите со ваквите модни парчиња овојпат се и најнеочекувани – се носат со флорални принтови, со различни точкасти варијанти, со риги, како и со модни парчиња во силни бои.

Фото; Б. Грданоски

Историјата на точкастите материјали датира од 30-те години кога фустаните со ваквиот принт биле наменети за девојките со отворен и авантуристички дух, односно веселите девојки кои сакаат да танцуваат и кои едноставно зрачат со добро расположение. Таа позитивна енергија која се одразувала преку точкастиот принт се задржила до денес, па не чуди фактот дека за многумина прва асоцијација за точкастиот принт е разиграноста, радоста и детскиот дух.

Стилот со полка точки ја прифатија и дами со префинет стил, па дури и принцези во јавните настапи.

Амал Клуни

Претходно, со функцијата специјален јавен обвинител, Јанева стана интересна и под лупа на јавноста и со стилот на облекување. Тежината на нејзината функција стана важна и одговорна работа за неа, како да изгледа на јавните настапи, а наедно да биде соодветно и сериозно сфатена и да не одвлекува премногу внимание.

Кејт Мидлтон

Евидентен беше стилскиот прогрес на Катица во изборот на гардеробата, по онаа несреќна модна грешка на почетокот од кариерата како специјален јавен обвинител – огромен ѓердан и блуза со длабоко деколте. Подоцна таа избираше комбинации со палта и фустани, претежно со шарен дезен, дури и црвено, со или без накит. Како да сакаше да внесе ведрина во изгледот наспроти одговорната функција. Ја освежи дури и косата, и беше уште поцрвена. Стилот уште требаше да се поправа, секако, доколку тоа ѝ беше важно на специјалната јавна обвинителка, за да се дојде до еден посмирен и подамски изглед, соодветен за јавните настапи.

Фото: Б. Грданоски

Во принцип, не треба да се штеди на квалитетот и на деловниот изглед. Доволни се неколку класични костими во црна и во бела боја, кои соодветно би се комбинирале во истите бои или во други придушени нијанси. Со здолништа два сантиметри под колената, секогаш со неутрални, мат, тенки хулахопки во боја на кожа, со црни салонки на средно висока потпетица, со затворен преден и заден дел. Особено прекуден. Минијатурни обетки како моден додаток и понекој класичен прстен, не се препорачливи нападни ѓердани или алки, ниту, пак, рачни часовници или, сепак, помал, дамски рачен часовник, кој не треба да се гледа под сакото. Со природна, задолжителна шминка и со исфенирана коса, завршена е половина работа. И, секако, маникир во бежова, неутрална боја, на кратко потсечени нокти. Советот е: помалку е повеќе.

Лејла Сабит