Стигна алтернатива – вакцина како спреј за нос чека трета фаза на испитувањето


 

Кинескиот производител на вакцини „Beijing Wantai Biological Pharmacy Enterprise“ планира следниот месец да почне со големо испитување на кандидатот за вакцина против Ковид-19 во облик на спреј за нос, стои во записникот за регистрација на клинички испитувања.

Компанијата има намера да ангажира 40.000 возрасни испитаници за трета фаза од клиничкото испитување, стои во податоците објавени во кинескиот регистар на клинички испитувања од средата.

На возрасните во период од две недели би им се дале две дози од потенцијатната вакцина или плацебо.

Во регистарот не е објавено во колку земји компанијата ќе го води испитувањето, но се наведува дека етичкиот комитет на Филипините ја одобрил студијата, со што даде зелено светло за испитување кај нив.

Како ќе се одвива третата фаза од испитувањето

Претставник на „Beijing Wantai“ вели дека евиденцијата за регистрација не значи дека компанијата формално започнала со третата фаза од клиничкото испитување. Тој само наведе дека се чека документ од власта, но не наведе од кои земји.

Вакцината во вид на спреј, како алтернатива на вообичаената инекција, може да предизвика специфичен одговор во дишните патишта, имитирајќи ја природната инфекција на респираторниот вирус

Потенцијаланата вакцина користи ослабен вирус на грип за пренос на генетски информации во делот на корона вирусот.