Стевчо Јакимовски на средба со граѓаните на Гостивар


Не може на македонските граѓани да им се наоѓаат сѐ нови и нови причини и нови и нови пречки за да се опструира нашиот влез во Европската унија, рече претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски на денешната средба со граѓаните на Гостивар.

Тој рече дека е против внесување на Бугарите во македонскиот Устав и постави три прашања до сите политичари и претседателски кандидати кои велат дека ќе поддржат уставни измени.

„Јас само сакам да го прашам и господинот Димитриевски и сите кои предлагаат промена на Уставот за влез на Бугарите во Уставот, но соодложено дејствување. Кажете им на граѓаните, дали Македонците се нација од 1944 година, дали македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик и дали Гоце Делчев, Јане Сандански и другите македонски дејци, Димо Хаџи
Димов и така натаму, се македонски дејци или се Бугари по род како што
тоа го тврди бугарската историографија?“, праша Јакимовски.