Стенд – ап настапи ,,(Нат) просечен Македонец” со Тино и Атанас во Скопје


Во Аудиокултура се одржа прес – конференција по повод претстојните стенд – ап
настапи ,,(НАТ)ПРОСЕЧЕН МАКЕДОНЕЦ” со Тино и Атанас, со Стефан Николовски како
специјален гостин, закажани на 2, 3 и 8 ноември во СЦ Јане Сандански.
Настаните на 2 и 3 се одамна распродадени, додека влезниците за настанот на 8
ноември се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ
Македонија.
На прес-конференцијата, сопственикот на Авалон, Бобан Милошески потенцираше дека
за првпат во историјата на Македонија и поранешна Југославија се одржуваат настани од
ваков калибар во спортска сала:
,,Никој досега не се осмелил да направи стендап во спортска сала, а камоли три
претстави. Кукаме дека сме ‘Македончиња’ и дека не нѐ бива – еве, сега кога нѐ бива, би
требало да се забележи ова како непобитен факт“, рече Милошески.
Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски потенцираа дека со овој проект целат да
направат нешто што досега не е направено во Македонија:
,,Брзото распродавање на првите два стенд – апа ни причини големо задоволство, но
уште поголема одговорност. Нема да ја разочараме публиката, сакаме да испишеме
историја и овие настани се еден вид порив за нас и круна на нашата досегашна работа,
како и почеток на една нова етапа во нашата кариера”, изјави Костадиновски.