Стејт департментот одобри можна продажба на ракетен систем Марк 41 на Холандија, соопшти Пентагон


Стејт департментот одобри потенцијална продажба на Холандија на ракетен систем Мark 41 (MK 41) и опрема во вредност од околу 110 милиони долари.

Пакетот ќе вклучува осум системи за лансирање, резервни делови и техничка помош, се вели во соопштението на Пентагон. Кралската холандска морнарица има намера да ги користи модулите за своите нови воени бродови.

Спроведувањето на договорот од американска страна е доделено на компанијата „Локид Мартин Корп“.