Стефанова не се согласува Камчев да добие пасош


Орце Камчев од неодамна е на црната листа на САД
Поранешната специјална обвинителка, Лиле Стефанова, не се согласува Орце Камчев да добие привремен документ со кој би патувал во странство поради бизнис средби, објави Алсат М.
Обвинителството и официјално потврди дека за барањето до Кривичниот суд е препратено негативно мислење.
Сега Судот треба да пресече дали ќе го земе предвид мислењето на Стефанова или основаноста на барањето на осомничениот во „Империја“, Орце Камчев.
Инаку, Камчев беше под истрага на СЈО за перење пари. Беше и во притвор, но со позитивно мислење од згаснатото СЈО тој излезе од Шутка, а потоа повторно со амин на СЈО му беше издаден времен пасош.
„Империја“ сега е во рацете на редовното обвинителство, а случајот повторно го води Лиле Стефанова, која доби овластување да го застапува предметот од Републичкиот Обвинител.
Обвинителството тврди дека „Империја“ не е мртва и дека се преземаат дејствија.