Стефан Богоев именуван за Директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ


Фото: Б. Грданоски

Вечерва се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ. Поради заштита на здравјето седницата се одржа онлајн, преку дигитална платформа.

Централниот одбор го именуваше потпретседателот Стефан Богоев за Директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ.

Останувањето на потпретседателот Богоев во партијата, кој во изминатите години извршуваше повеќе јавни функции, беше пратеник, градоначалник, со својот потенцијал, искуство и знаење ќе придонесе кон јакнење на капацитетите на СДСМ, подобрување на ефикасноста, начинот на работа и ќе допринесе во градење нов систем и пристап на градење и реализирање на политики.

Централниот одбор донесе одлука со којашто започнува постапката за избор на претседатели и членови на секретаријати на 19 партиски комисии, стручни работни тела на СДСМ, кои имаат важна улога во креирањето и евалуацијата на мерки и политики на партијата.

Преку отворен повик кој јавно ќе биде објавен, вклучително и на интернет страната на СДСМ, сите заинтересирани членови и симпатизери кои ги исполнуваат условите, кои се стручни и компетентни, можат да поднесат кандидатури.

Со изборот на нови претседатели и членови на секретаријати се заокржува процесот за комплетирање на партиските тела согласно новиот концепт на работа.