Стеф Кари најави дека ќе игра на Олимписките игри


После дебаклот на Светското кошаркарско првенство во Кина, јасно е дека Американците ќе бараат одмазда, а прв чекор кон тоа е најавата на Стеф Кари дека сака да игра на олимпискиот турнир следната година во Токио.

Ѕвездата на Голден Стејт вориорс кој важи за еден од најдобрите тројкаши во историјата на спортот со портокаловата топка, досега нема играно на Олимписки игри, и сака следното лето да освои златен медал.

„Бев на две светски првенства, и имам две златни медали, но олимписките игри се искуство кое сакам да го доживеам. Се надевам дека тој сон ќе ми се оствари следното лето. Планот ми е да играм, освен ако некоја повреда ми ги расипе плановите“ , рече Кари.