Статистички податоци: Кое автомобилско седиште е најбезбедно?


Услов е да има безбедносен појас со три точки и да го користи патникот во возилото.

Белгискиот институт ВИАС укажува дека возачот на автомобилот е многу поранлив од другите патници.

Статистиката за сообраќајни несреќи, за жал, е точна. Темелната анализа може да доведе до важни наоди, а ова е еден од нив, пренесува ХАК Преглед.

Често се мисли дека сопатникот во предниот дел на автомобилот има најголема веројатност да загине во сообраќајна несреќа.

Меѓутоа, белгиската организација за безбедност на патиштата ВИАС тврди дека тоа не е така.

Институтот ВИАС укажува дека возачот на автомобилот е поранлив од другите патници. Возачот е изложен на 37 отсто поголем ризик од смрт во сообраќајна несреќа отколку сопатник, а дури 47 отсто повеќе од оние што седат на задното седиште, пишува порталот gocar.be.

Најбезбедно место во автомобилот е на средината на задното седиште.

Услов е да има трикратен безбедносен појас и да го користи патникот во возилото. Во овој случај, вашите шанси за преживување се зголемуваат за 25 проценти во споредба со вашите патници на задните седишта.